Отворен компјутерски центар на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје
На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија.
– Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за 80 проценти. Овозможува брзо скенирање не само на белите дробови туку и на целото тело, околу 15 секунди, и дава висококвалитетна слика којашто ни овозможува дијагностика и на интерспецијалните и други болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, изјави денеска медицинскиот директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ.
Тој посочи дека ќе работат во две смени, а резултатите ќе ги даваат веќе следниот ден.
– Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на здравствените услуги од областа на компјутеризираната томографија затоа што ќе работиме во две смени и резултатите ќе ги даваме веќе следниот ден. На овој начин, пациентите ќе дојдат до побрза дијагноза и ќе се овозможи побрзо лекување затоа што нема ништо поскапо на овој свет од спасување на човечки живот, рече Докиќ.
На оваа Клиника во годината пред епидемијата, како што информира, се остварени 22.198 амбулантски прегледи и 5.060 контроли, што значи над 27.200 посети од пациенти. Од сите тие, во просек на 2.195 пациенти им се прави компјутеризирана томографија годишно.
Министерот за здравство Беким Сали додаде дека ова е донација на ЕУ преку програмата ИПА, во висина од 3,7 милиони евра како дел од програмата за брзо справување со ковид кризата.
– Дел од оваа донација се и пет компјутерски томографи и три магнетни резонанци. Петте компјутерски томографи ќе бидат распредделени во општата болница во Куманово, во Прилеп, Кичево и Охрид. Ова е дел од нашиот проект кој веќе подолго време го објаснуваме дека многу е важна навремената дијагностика кај пациентите и снабдувањето со современа опрема. Ние овозможуваме рано детектирање и третирање на нашите пациенти, рече Сали.
Ново на Сител
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена