Македонија
26. December 2016 - 15:12

Отворен градскиот базен во Куманово

Граѓаните на Куманово од денеска ќе можат да се рекреираат на градскиот базен. Со објектот ќе стопанисува ЈП „Чистота и зеленило“.

- Примопредавањето од општината на јавното претпријатие траеше еден месец, додека не се усогласат сите законски и подзаконски акти и се она што е потребно за нормално функционирање. Од денеска сите граѓани кои се љубители на пливачкиот спорт, имаат можност од 8 до 22 часот да се вклучат во рекреативно пливање, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски информира дека се обезбедени фискални каси и додаде оти еден час пливање ќе чини 100 денари.

Петрушевски нагласи дека на базенот е истакнато времето во кое можат граѓаните да се капат. Граѓаните ќе имаат можност да извадат месечен и неделен билет. Досега базенот го користеа само пливачките клубови и учениците од основните и средните училишта во рамки на програмата за развој на училишен спорт.