Македонија
16. February 2016 - 11:01

Отворен ден со граѓаните во општина Ѓорче Петров

Во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа отворен ден на кој граѓаните на средби со надлежните имаа можност да даваат предлози и да покренуваат иницијативи за решавање на одредени проблеми од локалната самоуправа.

Градоначалникот Сокол Митревски и раководителите на секторите одговараа на прашања од областа на урбанизмот, инспекциското работење, финансиите и нормативно-правните работи.

Барањата на граѓаните, како што информира општината, главно се однесувале на проблемот со брзото затнување на каналите со што се прават штети на нивите и дворовите на куќите кои се во близина на каналите. Од страна на општината најавено е дека во текот на овој месец ќе се превземат мерки за повторно чистење на каналите, иако каналот на кој се пожалиле граѓаните бил исчистен во јули минатата година. 

Граѓаните исто така се интересирале за промените во ДУП и за можностите за негова измена, за редовното одржување на уличното осветлување и можностите за инвестирање во изградба на колективни згради.