Македонија
23. September 2015 - 8:44

Отворање на изложбата „Седумте архангели“

Во големиот салон на Галеријата „Ко-Ра“ во ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ - Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Седумте архангели“ на академскиот вајар Стефан Малбашиќ.

Малбашиќ е роден 1984 година во Битола, по завршеното Училиште за применета уметност, дипломира на Факултет за ликовна уметност и магистрира во класата на проф. Ибрахим Беди.
 
Реализирал голем број на самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби. ликовни колинии,.., во земјава и во Бугарија, Франција, САД,...