Македонија
3. May 2017 - 9:37

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

Припадници на одделението за антитероризам на МВР синоќа ја отстраниле импровизираната експлозивна направа пронајдена вчера попладне по 17 часот во Собранието во ходникот на 1-ви кат.

Од МВР изутринава информираа дека експлозивната направа е предадена за натамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

Импровизираната направа се состоела од петарда со фитил кој бил  врзан со селотејп за голема плинска боца за полнење запалки.

Началникот на обезбедувањето на Собранието го пријавил случајот вчера во 17:28 часот во ЕИК.