Живот
11. September 2018 - 10:26

Отседнале во изнајмен стан: Забележале дека нешто чудно излегува од часовникот, а потоа го отвориле и се шокирале

Даг Хамилтон од Ирска останал во шок кога открил што се наоѓа во дигиталниот часовник во апартманот кој го изнамил со својата девојка во Торонто каде престојувале.

Двојката по доаѓањето во град цел ден била во обиколка, а во апартманот дошле дури вечерта. Апартманот во седиштето на градот што го изнајмиле преку страницата Airbnb се чинел идеален за нивната посета на Канада, но веќе по 20 минути престој во него сфатиле дека не сакаат да останат.

Даг лежеше на каулот кога погледна во дигиталниот часовник и забележа нешто чудно на него. Часовникот беше споен со жица, налик на полнач за телефон што веднаш му разбуди сомнеж во него.

-Се чувствував чудно и при самата помисла на тоа си реков да не сум луд. Но нешто не ми даваше мир... Го извлеков полначот и ја видов литиумската батерија од задната страна. Разгледувајќи ја малку предната страна на часовникот, забележав дека внатре се наоѓа камера - раскажа овој Ирец кој своето искуство го сподели и на Фејсбук.

Многу млади двојки или друштва ја користат можноста за евтини летови до одредени дестинации во светот и престој во изнајмени станови по ниски цени, па затоа не е лошо да внимаваат и на овој момент дека некој ги снима и следи, а можно е нивни интимни видеа да завршат по различни страници на интернет, секако без нивно знаење.