Македонија
7. November 2019 - 15:51

Отруени 10 улични кучиња во Охрид, граѓаните во паника

Во изминативе неколку часа, граѓанските активисти од Охрид алармираат дека се отруени 10 улични кучиња, со помош на отров кој бил расфрлан низ центарот на градот.

Активистите прашуваат „До кога ќе толерирате масовно труење?“, по масовното убиство на улични кучиња низ градот.

Уличните кучиња се долгогодишен проблем на Охрид, а пак, ЈП Охридски комуналец на почетокот од годинава најави постепено решавање на проблемот.

Непознато е кој и кога го расфрлал отровот, а телата од мртвите кучиња ќе треба да ги собере ЈП Охридски комуналец. Со оглед на фактот дека во близина на местата каде се најдени мртвите кучиња има локали и видео-надзор, се очекува, полицијата да го прегледа и да го најде сторителот.

Ова не е прв пат да се фрли отров низ охридските улици, а сторител до сега, не бил пронајден. Отровот е опасност и за децата, но и домашните миленици.