Отровни гасеници предизвикаа паника во Германија
Гасеници-напаѓачи со токсични влакна предизвикаа паника во некои делови на Германија, што доведе до затворање на базени, ресторани, јавни паркови и делови од автопатишта.
Дабовите гасеници, кои се така наречени поради нивниот престој меѓу дабовите дрвја со кои се хранат, имаат убави, долги влакна со воспалителен токсин, што може да предизвика образување на меури, вртоглавица и астматични напади.
Подолг период, гасеницата е релативно ретка појава во Германија, која се наоѓа само во изолирани шумски области. Но поради годинешната мека пролет и топло, суво лето, откриени се голем број гнезда на дабови гасеници низ целата земја.
Особено се погодени градовите во Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Баден-Виртемберг, Баварија и западниот дел на Северна Рајна-Вестфалија.
Во Минстер шест лица морале итно да направат операција на очите.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители