Македонија
11. May 2018 - 14:07

Откриени двајца наркодилери од тетовско

Вчера околу 18,00 часот на локалниот пат село Шемшово – село Жилче, од страна на полициски службеници, при преглед на лица и патнички возила „Пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од Тетово и „Опел Астра“, управувано од Н.Б.(55) од Тетово, во возилото „Опел Астра“ била пронајдена и одземена околу еден килограм марихуана.

Потоа, од страна на полициски службеници, со претходна наредба од надлежен ЈО биле извршени претреси во домовите на истите, при што во домот на Ф.Н. била пронајден кокаин. 

Двете лица се задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.