Македонија
10. April 2017 - 16:29

Откриени бактерии во кујната на полициската академија

Бактерија стафилокока е најдена кај еден вработен и на рачката од чешмата во кујната во Центарот за обука на полицајци во Идризово. Ова го покажуваат резултатите од земените брисеви, откако минатата недела триесетина лица кои се дел од академијата се пожалиле на симптоми на труење, а тројца завршија на Инфективната Клиника. Од ДСЗИ за Сител информираат дека и во уште три примероци од работните површини и опремата најдени се бактерии, а 4 бриса биле негативни. Од Центарот за јавно здравје каде се вршени анализите велат дека храната која се служела на кадетите во полициската академија била безбедна. Во ред се и вонредните систематски прегледи на 10 лица вработени во Центарот.

Инспектори од ДСЗИ и денеска зеле нови брисеви од работните површини и од вработените во Центарот за полициска обука. Кујната ќе остане затворена се додека брисевите не бидат негативни.