Откриена болеста „њукастел“ во одгледувалиште во општина Гази Баба
Во одгледувалиште на живина во општина Гази Баба откриена е болеста њукастел. Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето.
Вирусот е лабораториски потврден вчера од страна на Факултетот за ветеринарна медицина.
Донесено е решение со кое му се наложува на одгледувалиштето на бројлери да ја уништи живината и да ја повлече и уништи целата дистрибуирана количина месо. Наложено е и отстранување или спроведување на соодветен третман на секоја супстанција или отпад, храна за животни, шталско ѓубре на фармата, кои може да бидат контаминирани.
– Во одгледувалиштето ќе се спроведе епизотиолошко испитување и утврдување на евентуалната контаминација со овој вирус и на соседните одгледувалишта. Одгледувалиштето, возилата за превоз и опремата, наложено е темелно да се исчистат и дезинфицираат. Нова живина нема да смее да се внесува пред истекот на 21 ден од спроведувањето на мерките за дезинфекција, односно се додека официјален ветеринар не го прогласи одгледувалиштето за слободно од болеста, велат од АХВ.
Контрола и мониторирање од страна на официјалните ветеринари ќе се спроведе и во зоната под надзор што ги опфаќа населените места Петровец, Илинден и Кисела Вода, како и во општините Зелениково и Студеничани, кои со ова решение се дефинирани како зона под ограничување.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“