Свет
10. August 2019 - 10:55

Откажани летови и евакуација на луѓе поради тајфунот во Кина

Милион луѓе се евакуирани и откажани се стотици летови поради тајфунот, кој го погоди источниот дел на Кина.

Тајфунот Лекима рано изутрина ја погоди провинцијата Џејијанг, со налети на ветрот и до 187 километри на час. Силината на тајфунот е намалена, со оглед дека претходно беше најавуван како „супертајфун“, пренесува Ксинхуа. Бурата се движи кон северозапад и полека губи на јачина.

Во прекин е и железничкиот сообраќај.