Откажан рок концерт во Ротердам поради закана од терористички напад
Холандските власти синоќа откажаа рок концерт во Ротердам, откако во близина на местото каде концертот требаше да се одржи, беше откриено паркирано комби-возило, полно со канистри со гас.
Предупредувањето до холандските безбедносни власти за возилото било испратено од шпанската полиција.
Комбито има шпански регистарски таблички, а по кусата потера, полицијата во овој холандски град, го открила и го уапсила шпанскиот возач.
На откажаниот концерт трабало да настапи американската рок група „Алах-лас„ која често добива закани за напад од разни муслимански милитантни групи, затоа што „користи име кое е свето за муслиманите“.
Според соопштението на канцеларијата на градоначалникот, концертот бил откажан во последен момент, но се признава дека засега не се знае дали бил подготвен терористички напад, како и дали заканата и комбито се поврзани.
На местото каде е најдено возилото пристигнале припадници на специјалната единица за анти-тероризам и специјална екипа за демонтирање екслозивни направи и бомби, а била целосно евакуирана и салата каде американските рокери требаше да настапат.
Предупредувањето од шпанската полиција доаѓа по минатонеделните терористички напади во Каталонија, каде 15 лица беа убиени во нападите во Барселона и во местото Камбрилс.
Овие напади уследија по експлозијата во една куќа, полна со канистри со гас, во која џихадистите, сите од Мароко, се подготвувале за терористичките напади.
Во Ротердам живее бројна мароканска имигрантска заедница.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро