Свет
17. November 2015 - 8:48

Oткажан пријателскиот фудбалски натпревар Белгија-Шпанија поради терористичка закана

Белгиската фудбалска асоцијација го откажа пријателскиот фудбалски натпревар Белгија-Шпанија што требаше денеска да се игра на бриселскиот стадион Крал Бодуен, заради голема веројатност од терористички напад.

Натпреварот е откажан по препорака на националниот Кризен центар при Министерството за внатрешни работи. Службата за координација на анализи за закани синоќа го зголеми на трет степен нивото на терористичка закана во државата. Тоа означува дека – заканата е веројатна и можна.

Во Лондон на стадионот Вембли, вечерва ќе се игра натпреварот Англија-Франција откако двете страни одлучија пријателскиот натпревар да не биде откажан.