Отишoл на лов на диви свињи, застрелал двајца другари
На 20.11.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје биле донесени две лица.
По преземени мерки утврдено е дека станува збор за лицата Н.М.(32) од село Морани, Скопско, и Н.Ф.(44) од село Дејковец, општина Зелениково.
Двајцата повредени, во разговор со полициски службеници, изјавиле дека биле повредени со ловна пушка, од нивниот другар Т.Ш. (34) од село Студеничани, Скопско, околу 15.00 часот во близина на село Дејковец, додека ловеле диви свињи.
Со Т.Ш. бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење