Осумгодишно момче убиено во Шведска од граната фрлена во стан
Осумгодишно момче е убиено во Шведска, откако граната била фрлена низ прозорецот во станот каде се случило убиството.
Момчето спиело на тросед во дневната соба, кога бил извршен нападот. Детето бил итно префрлено во болница, но набргу починало.
Осумгодишниот Јусуф Варсаме, кој е од сомалиско потекло и постојано живее во Бирмингем во Велика Британија, бил дојден во посета на семејството во Шведска, заедно со родителите.
Во моментот на експлозијата, во собата се наоѓале уште пет други деца, како и неговата мајка и сестра, но сите поминале со полесни повреди.
Инцидентот се случил во Гетеборг. Полицијата отвори истрага за убството, но засега не се знае мотивот за нападот.
Претставник на полицијата, за весникот „Гетеборг Постен„ изјавил дека властите се сомневаат оти нападот е поврзан со еден шеф на локалното кримнално подземје.
Еден човек, осуден за убисто, извршено од пред година и половина, живеел на таа адреса.
Во март 2015 година, во напад на еден локален паб , вооружени напаѓачи застрелале човек, кој и бил познат на полицијата, но во овој напад настрадал и невин посетител на кафеаната. Овој напад бил извршен како одмазда и е дел од пресметката во рамките на сомалиската етниќка заедница во Гетеборг.
На почеокот од овој месец, осум лица беа осудени во врска со ланскиот инцидент, на казни од седум години, до доживотен затвор.
Според „Гетеборг Постен“ ова убиство претставува кулминација на пресметката на локалните банди околу крумчарењето и распределбата на дрогата. Шведска има релативно низок степен на криминал во земјата, но насилство има во приградските, сиромашни квартови и населби, во Стокхолм, Гетеборг и Малме, каде обично живеат и припадници на разни мигрантски заедници.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите