Македонија
28. September 2017 - 13:12

Осумгодишно дете итно пренесено на скопските клиники

Вчера во 9:10 часот во село Разловци-Делчево во Основното училиште, помеѓу часовите за време на големиот одмор, настанала меѓусебна расправија помеѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст.

 Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што истиот станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови. Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево.

Од таму со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар во Кочани, а потоа како итен случај веднаш бил упатен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.