Балкан
21. December 2015 - 13:25

Осум оштетени автомобили во експлозија во Косовска Митровица

Осум автомобили претрпеле штети во експлозија што рано утринава одекна во Косовска Митровица, а материјална штета е предизвикана и врз блиска зграда, пренесе Танјуг.

Во инцидентот нема повредени.

Експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена непосредно по 3 часот утринава.

Косовската полиција изведува увид на местото на настанот и почна истрага за случајот.