Осум лица потешко повредени во 10 сообраќајки во Скопје
Осум лица биле потешко повредени во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки било полесно повредено едно лице, а во три била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач не дал првенство на минување.
Од сообраќај биле исклучени 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и девет возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 66 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 74 возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели цветови“, објект „Стапалче“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Кумановец со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек
-
Три лица се приведени за управување на возило под дејство на алкохол
-
Израел ги проширува операциите во централна Газа
-
Трипуновски: Земјоделците, задругите и преработувачите да ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”
-
Успешно евакуиран повреден планинар кај камењарот на Пелистер
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели
-
Мицкоски: На потегот од Климештани до Охрид вклучени 1 100 -1 200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери
-
Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово