Loading Video...
Фудбал
7. January 2018 - 14:12

Осум гола во градското дерби на Севиља кое го доби Бетис

 Градското дерби на Севиља меѓу истоимената домашна екипа и Бетис ги оправда очекувањата дури и на најпребирливите фудбалски гурмани. 
 
Дуелот од 18.коло одигран на „Санчес ПШицхуан„ стадионот заврши со осум постигнати голови и победа на Бетис од 5-3. 
 
Гостите постојано го контролираа резултатот уште од првата минута кога поведоа со голот на Фабиан Руиз. Десетина минути подоцна Висам Бен Једер за прв пат го израмни резултатот. До крајот на првиот дел беа постигнати уште два гола. Зухар Федал (21.минута) погоди за Бетис, а за Севиља израмни Симон Кјер (40).
 
Во вториот дел за четири минути беа постигнати три гола. Риза Дурмиси (63) беше стрелец на третиот гол за гостите, а Серхио Леон (65) на четвртиот. Две минути подоцна (67) Клемент Ленгле намали на 3-4, додека конечниот резултат 3-5 за Бетис го постави Тељо во шестата минута од судиското дополнение (90+6). 
 
Севиља останува на петтото место со три бодови помалку од Реал кој денеска гостува во Виго, додека Бетис се проби на осмата позиција на табелата.