Македонија
28. December 2015 - 16:36

Осум дена притвор за негувателката која малтретирала старица

Судија на претходна постапка и одреди осум дена притвор на скопјанката која малтретирала старица во Кисела Вода. За 64 годишната жена постојат сомневања за сторено кривично дело „телесна повреда“ врз старо лице. Наместо да ја чува и негува бабата, таа ја тепала. Грозоморното однесување минатат недела го забележал синот на една од камерите поставени во куќата.

Според психијатарот Славица Арсова најверојатно станува збор за задскиен психопат односно неадекватна структура на личност на која завршувањето на обврските и биле терет па бесот го истурала врз немоќно лице.

-Многу ретко сторители на такви кривични дела или насилство врз беспомошно, старо лице или дете не се пациенти кои боледуваат од психичко растројство. Најчесто се лица кои имаат потешкотии во справување со своите агресивни однесувања ја губат контролата и реагираат импулсивно односно насилнички како во случајот и тие лица ги викаме дека се со неадекватна структура на личност и вообичаено не подлежуваат ма психијатриско лекување туку на казна затвор итн.. Или пак се лица кои имаат ментална попреченост, вели д-р Славица Арсова, психијатар на Клиниката за психијатрија.

Психијатарот Арсова смета дека ваквото агресивно однесување на негувателката може да доведе до драстично влошување на и онака тешката здравствена состојба на 84 годишната баба која страдала од Паркинсонова болест  и имала слабо паметење.