Македонија
28. December 2015 - 13:04

Осум дена притвор за негувателката која малтретирала старица

Основното јавно обвинителство Скопје до наделжен суд поднесе предлог за определување мерка притвор за негувателката родена 1951 година, за која постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ врз старо лице.

Осомничената, како што информираат од Скопското обвинителство, се товари за повредите нанесени на изнемоштена 84-годишна старица, која и била доверена на чување.

Од страна на судот, на осомничената и е одреден притвор во траење од осум дена.