Бизарно но вистинито
23. October 2015 - 14:01

Оставиле бебе само во студените и темни простории во градинката, помислиле дека е кукла

Луѓето што работеле во Детскиот центар биле убедени дека сите родители си ги зеле децата, а за двегодишната Џонс, која тогаш спиела, помислиле дека е кукла која личи на бебе.
 
 
Шок доживеале родителите на двегодишно бебе кога дошле да го земат од Центарот за дневен престој во Вашингтон. Во Центарот тие дошле петнаесетина минути пред неговото затворање, но таму немало никој, светлата биле изгаснати, а персоналот веќе бил заминат.
 
Татко Корнелиус Џонс не можел да поверува дека неговата ќерка ја нема, а и нема кого да праша што се случило со неа. За негова среќа, успеал да чуе бебешки плач од градинката, па веднаш повикал полиција.
 
Полицискиот тим кога дошол насила ја отворил вратата од градинката и за кратко време успеале да го најдат бебето како преплашено лази во студените и темни простории.
 
Како што објавува „Дејли меил", луѓето што работеле во Центарот биле убедени дека сите родители си ги зеле децата, а за двегодишната Џонс, која тогаш спиела, помислиле дека е кукла која личи на бебе. Ги изгаснале светлата и си заминале.