-->
-->
Оставил лист со заканувачка содржина и пеш тргнал кон судовите додека се чекаа пресудите за „Диво Насеље“
-->
Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Е.И.(57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 од КЗ на РМ.
Имено, на 2. овој месец пријавениот отишол во адвокатска канцеларија лоцирана на улица “Битпазарска“ и на вработена во канцеларијата и оставил лист со испишана заканувачка содржина и пеш се упатил кон објектите на Апелационен и Врховен суд на Република Македонија, каде се изрекувале пресуди на обвинети во судски процес.
Откако истиот пристигнал пред Врховен суд, полициските службеници забележале дека истиот околу појасот има залепено прачки кои наликувале на импровизирана експлозивна направа, кои всушност биле петарди.
Инаку, на 2. ноември Основниот суд Скопје 1 изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.
На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар