Основање на Друштво за македонско-шведско пријателство во Скопје
Основачкото собрание на Друштвото за македонско-шведско пријателство и соработка денеска ќе се одржи во резиденцијата на Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје.
Иницијативата за формирање на ваков вид асоцијација доаѓа од Македонскиот сојуз во Шведска, кој ги репрезентира и застапува интересите на македонската иселеничка заедница во оваа скандинавска земја. Во рамки на Сојузот на македонските друштва и клубови во Шведска од пред неколку години функционира и Друштво на шведско-македонско пријателство со седиште во Гетеборг, во чии рамки членуваат и повеќемина поединци кои во изминатите години учествувале во реализацијата на проекти и разни форми на соработка меѓу двете земји.
– Сметаме дека оваа наша иницијатива наидува на плодна почва овде во Скопје бидејќи интересирањето за Скандинавија, и посебно за Шведска, е постојано изразено по разни основи, а во последно време добива и еден поширок контекст, изјави Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.
На денешното основачко собрание на Друштвото за македонско-шведско пријателство присутните ќе ги поздрават амбасадорите на двете земји, шведскиот амбасадор во Скопје, Матс Стафансон, и македонскиот амбасадор во Стокхолм, Александра Наќева Ружин.
За претседател на ова друштво е предложен Тихомир Илиевски, кој во средината на 1990-тите години беше прв македонски амбасадор во Шведска. Основна програмска цел на друштвото е поттикнување на културната, научната, спортската и други видови соработка и размена меѓу Република Македонија и Кралството Шведска.
Во програмата на друштвото спаѓа и поттикнување на изучувањето на шведскиот јазик во Македонија, како и афирмирање на македонскиот јазик во шведската јавност.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација