Бизнис
24. February 2020 - 16:46

Осмомартовските тури за Италија ќе се реализираат по утврдениот план

Корона вирусот во Италија не ги плаши македонките таму да го прослават 8 март. За сега, во план за реализација се сите аранжани. Откажувања нема, се додека нема забрана за патувања во одредена земја, велат од туристичките агенции. Утринава  се јавиле само неколку  загрижени граѓани, кои прашувале што доколу се прошири вирусот. Но, од Агенциите уверуваат, Ломбардија е огромна, вирусот е присутен во неколку села, кои херметички се затворени.

- За да влезете и да излезете од таму ви требаат одредени дозволи, таму не може секој да влезе, вели Нехар Селим, од туристичка агенција.

Во Милано превентивно се затворени и позначајните атрактивни места каде што се собираат повеќе луѓе, но метроата, продавнците и целиот јавен превоз нормално функционираат, додава Селим. Таму ќе преноќат и македонките кои патуваат на Азурниот брег.

- Затворена е Катедралата Дуомо, Миланските скали, сите музеи и сите позначајни места каде има поголема фреквенција на луѓе, додава Нехар.

Од туристичките Агенции велат дека вирусот не се спречува со ширење паника и страв, туку со конкретни мерки. Поголема закана за нас велат е секојдневниот влез на граничните премини со автомобили или автобуси , на македонците кои живеат или работат  во Италија.