Македонија
6. March 2016 - 17:04

Oсмомартовски марш на СДСМ во Охрид

Отварање на металните порти кај Летната сцена на Света Софија бараат жителите од стариот дел на градот.Тие велат дека со затварањето на улицата која постоела над два века се прекинува врската помеѓу Илинденска и самиот брег на езерото . Жителите со мирен протест го искажаа своето незадоволство бидејќи во неколку наврати писмено се обратиле и до митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г.Тимотеј, но за жал до денес не добиле позитивен одговор.

Проблемот со затворената улица го чувствуваат и угостителите од пет објекти кои  се поврзани со овој простор и Канео .

Од Дебарско-Кичевската епархија пак на став дека улицата е во владение на црквата и дека двете порти се отворени во текот на денот, во времето додека има луѓе во Света Софија и дека потоа ја затвораат за да го заштитат својот имот.