Балкан
6. October 2022 - 16:33

Осмиот пакет санкции за Русија силно удираат врз Србија - Вучиќ најави одговор со далекусежни последици

Последниот пакет санкции кои Европската Унија вчера ги изгласа против Русија го затворија српскиот канал за увоз на евтина руска нафта. По барање на Хрватска, Србија веќе нема да може да го користи јадранскиот нафтовод и преку Хрватска да врши увоз на рускиот енергенс што значи дека нашиот северен сосед ќе мора да плаќа неколку пати поскапа нафта.

Брисел првично планирал Србија да биде изземена од овие санкции но како што објавија хравтските медиуми, на барање на хрватскиот премиер Пленковиќ, овој предлог не поминал со што санкциите на Европа најмногу го погодија токму официјален Белград.

Ваквиот потег на Брисел предизвика бес во Србија. Српеската премиерка Брнабиќ вели дека ова не се санкции против Русија туку против Србија. Српскиот претседател кој утрово беше во Прага на состанокот на Европската политичказаедница предупреди дека одговорот на Србија ќе биде далекусежен

Хрватскиот Премиер рече дека Србија може да добива нафта по јадранскиот гасовод но таа не смее да биде руска

И додека Брисел за Србија не сака да прави исклучок, соседна Бугарија преку Лукоил и натаму ќе може да увезува евтина руска нафта а од санкциите ќе биде изземена и Унгарија. Ваквиот потег на Европската Унија во време на најтешката енергетска криза ќе биде дополнителен предизвик за целиот регион на западен Балкан кој поради нискиот животен стандард чувствува далеку поголеми последици од кризата во однос на земјите од западна Европа.

Македонија нескреиено се надеваше дека ќе добие дел од евтините енергенси со кои располага Србија. Сега, кога Белград нема пристап до евтина нафта, под знак прашалник е и можноста од таму да добиеме евтин гас бидејќи за очекување е Србија да ја ревидира својата енергетска политика и да го оптимизира користењето на ресурсите што значително ја намалува можноста да отстапува евтини енергенси на трети земји.