Свет
21. January 2019 - 17:36

Осми ден од драмата во Шпанија: Се помалку надеж дека ќе го спасат двегодишното дете кое падна во длабок бунар

Шпанските  официјални лица соопштија дека акцијата за спасување на двегодишното дете кое пред осум дена падна во тесен и длабок бунар на југот на Шпанија слабо напредува.

Акцијата се одвива под многу тешки околности.

Спасителите почнаа да копаат тунели за да стигнат до детето, но тој процес се одвива тешко поради тоа што камењата се многи тврди, рече инженерот кој ја кооридинира потрагата и спасувањето на Анхел Гарсија. Планот е да се ископа вертикален тунел длабок 60 метри за да се допре до местото каде што се верува дека е детето. Досега стигнаа до 53 метри.

Намерата е после овој да се ископа хоризонтален тунел и да се дојде до локацијата каде што се претпоставува дека се наоѓа детето. медиумите претходно објавија дека бунарот е широк само 25 сантиметри, а длабок 100 метри.

Хулен е виден како паѓа во бунарот додека со семејствоот шетал по приватен имот во Тоталан, кај Малага, на југот од Шпанија. Меѓу остатоците кои спасителите претходно ги извлекоа од бунарот најдена е и коса, а со ДНК анализиа е потврдено дека му припаѓа на детето. Со сега, меѓутоа не се регистрирани знаци на живот.

Бунарот, кој е премногу тесен за во него да влезе возрасно лице, ископан е пред два месеци, додека се работело на истражување за вода, а потоа не е ниту покриен, ниту заштитен, наведуваат локалните медиуми.

Пожарникарите со помош на робот-камери во понеделникот пронајдоа кесе со бонбони кое детето го држело во рацете кога исчезнало. Кесенцето е пронајдено на длабочина од 75 метри, а спасителите не можеле да ја спуштат опремата пониско.

Шпанските медиуми објавија дека родителите на Хулен доживуваат уште една семејна трагедија, бидејќи во 2017 година нивниот тогаш тригодишен син наеднаш починал додека шетале по плажата недалеку од Тоталан.