Македонија
13. April 2018 - 17:19

Османи со ултиматум за Иванов: За неколку дена ќе се најде начин Законот за јазици да стапи на сила

Ако Иванов за неколку дена не го потпише Законот за јазиците, мнозинството има начин како да го заобиколи. Вицепремиерот за европски прашања му порача на Иванов дека во историјата ќе остане запаметен како човекој кој не дал никаков придонес за проспритетот на државата

Од кабинетот на Иванов се уште нема никаков коментар на оваа изјава на Османи. Претходно, од Водно во неколку наврати порачаа дека Претседателот нема намера да го смени својот став и да стави потпис на закон кој се коси со Уставот и кој според него е донесен во постапка која е спротивна на собранискиот деловник.

Законот за јазиците во чудна постапка и тензична атмосфера Собранието го усвои пред точно еден месец.  Од тогаш до сега, Претседателот Иванов одбива да го стави својот потпис на актот за неговото прогласување без кое, Законот не може да стапи во сила.

Согласно Уставот. Иванов е должен да го стави својот потпис на ова законско решение, но не е прецизиран рокот во кој мора да го направи тоа.