Османи: Реализирани над 90 отсто од Планот 3-6-9 и очекуваме чиста препорака
Македонија успеа да испорача исклучително поволна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат. Ова е пораката што на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му била пренесена во разговорите со претставници на Европската комисија за време на вчерашната посета во Брисел.
Тој истакна дека Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти и очекува Европската комисија во својот извештај за напредокот на патот кон ЕУ на земјата да биде најдобриот досега и да содржи чиста препорака за почеток на пристапните преговори.
- Генерално, иако реализацијата на овој План не може да се изрази во проценти поради квалитативноста на некои мерки, надминати се и најоптимистичките очекувања и степенот на негова реализација е над 90 проценти. Од вкупно 103 мерки помалку од 10 не се реализирани, рече Османи.
Тој истакна дека реформите не застануваат тука, туку ќе продолжат и понатаму, согласно шесте водечки иницијативи содржани во Стратегијата на Европската комисија за проширување.
Според него, вистинска валоризација на овој успех ќе претставува и решавањето на името со Грција.
На новинарско прашање за законот за употреба на јазиците кој за него е донесен бидејќи трипати ја добил поддршката во Собрание, Османи го повика претседателот Иванов, како што рече, да ја искористи можноста и да ја одигра својата кохезивна улога.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи