Македонија
30. јуни 2022 - 18:21

Османи: Од Мадрид се враќаме со нов изменет француски предлог

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се огласи на социјалните мрежи и нагласи дека од Мадрид се враќаат со нов изменет предлог на француското претседателство и предлогот веднаш ќе биде ставен во процес на консултација и увид на јавноста.

„Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на Француското претседателство кое веднаш ќе биде ставено во процес на институционална консултација и увид на јавноста. Огромна благодарност до Претседателот Макрон, целото претседателство со ЕУ, како и на Канцеларот Олаф Шолц, за нивните особени напори да се обезбеди нов ревидиран предлог како нова шанса да се деблокираат европските интеграции на земјава и целиот регион“, напиша Османи.