Османи: Не очекуваме Бугарија да не блокира на патот кон ЕУ
Немаме информации за што точно комуницираат земјите членки на дневно ниво и официјално до нас нема стигнато информација дали ЕУ ќе ги прифати забелешките на Бугарија во однос на позицијата за македонскиот јазик и идентитет. Бугарија веќе го одобри отпочнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ. Не треба да наметнуваме негативна динамика на притисоци. Кога паѓа комуникацијата, се јавуваат предрасуди. Сега е добар момент да се воспостави интензивна комуникација, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој додаде и дека изминативе деновиве контактирал со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, но не одговори дали за меморандумот ќе реагира кај останатите земји членки. Османи останува на ставот дека двете земји треба да го почитуваат договорот за добрососедство, со цел да се надминат разликите меѓу двете земји. Во однос на решавање на историските прашање треба да работат историчарите, а не да се мешаат политичарите.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот