Османи: Има напредок во преговорите со Бугарија
Напредок во преговорите со Бугарија има, но не би навлегувал во детали во овој момент, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Решенијата се бараат во рамките на Договорот за добрососедство, со кој отворивме ново поглавје во нашите односи, вели Османи по денешниот работен појадок во македонското МНР со бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и со германската амбасадорка Анке Холштајн. Ангелов порача дека Бугарија нема да ги смени позициите, бидејќи за нив бугарскиот парламент веќе има усвоено декларација. Холштајн, пак, посочи дека Германија прави се за одржување на првата меѓувладина конференција во декември, но дека билатералните прашања треба да се решаваат билатерално. Средбата беше одржана во рамките на организацијата на Берлинскиот процес, кој е закажан за 9-ти и 10-ти ноември во Софија.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош