Македонија
11. November 2017 - 14:06

Османи - Хоџа: ЕУ е заедничка цел на Македонија и Косово

Македонија и Косово имаат иста цел - пристапување во ЕУ и треба да се поддржуваат во тој процес преку  континуиран, отворен и конструктивен дијалог, истакна македонскиот вицепремиер задолженн за европски прашања Бујар Османи на средба со косовската министерката за европска интеграција Дурата Хоџа, соопшти СЕП.

Во тој контекст, Османи ги понуди искуството и знаењата кои Македонија ги стекна во делот на спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со директна соработка и експертска помош, нагласувајќи дека Косово ќе ја добие целосната поддршка од стана на Македонија за нивните евроатлантски аспирации.

Османи и Хоџа

Османи и Хоџа ја повторија и поздравија иницијативата за одржување заедничка седница на владите на двете земји, во рамките на воспоставените институционални механизми со потпишаниот Договор за соработка во областа на европската интеграција, а беа разгледани и заедничките проекти во рамките на Берлинскиот процес, како и можното воспоставување заедничка царина.

Вицепремиерот Османи на средбата потврди и дека се работи на спроведувањето на стратешкиот проект во рамките на ИПА за прекугранична соработка, граничниот премин Белановце-Станчиќ, и подвлече дека ќе стори сè што е во рамките на неговите надлежности за навремено завршување на сите постапки, за што побара заложба и од косовската страна, се вели во соопштението од СЕП.