Македонија
13. October 2016 - 9:26

Осма Меѓународна конференција за човечки ресурси

Осмата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO од денеска ќе се одржува во хотел „Мериот“ во Скопје. 

Организатор е Македонската асоцијација за човечки ресурси, а поддржувач Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Конференцијата ќе се потруди да одговори на прашањата-како да се пронајдат вистинските луѓе-вработени, да се задржат, да се стимулираат, да се негуваат нивните таленти и вештини и како да се развие соодветна програма на компетенции за да придонесат за раст на компанијата и бизнисот.

На конференцијата презентација ќе има и професорот Крис Лиасидис од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.