Ослободени од надоместок за прелети воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија
Владата на Република Македонија денеска преку видеоконференциска интернет врска ја одржа 98-та седница на која беше донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија.
Ослободувањето од плаќање на надоместокот на услугите за прелети и за терминални услуги на воени и полициски воздухоплови на наведените земји е за пружање помош во гасењето на пожарите на отворен простор.
Одлуката на барање на Дирекцијата за заштита и спасување е со цел олеснување на процедурите за пристигање на странска помош со воздухоплови и скратување на времето за распоредување и дејствување во кризните подрачја.
Членовите на Владата попладнево гo разгледаа и усвоија и Извештајот за извршени преговори за потпишување на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија за спроведување на финансиската поддршка во износ од 100.000.000 турски лири пресметани во американски долари (11,5 милиони долари).
Финансиските средства се наменети за набавка на неопходни производи и услуги за воени цели (алоцираните ресурси ќе се искористат за набавка на опрема за Силите за специјални операции, набавка на возила и опрема за логистичките единици) од локални компании во Турција, пред сè компаниите од турската одбранбена индустрија за воени цели.
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија