Свет
4. March 2016 - 14:12

Ослободени двајцата Италијанци киднапирани во Либија

Двајца италијански градежни работници, кои беа киднапирани во Либија, се ослободени и префрлени на безбедна локација, јавува РАИ.

Ослободувашето биле извршено по интервенцијата на либиските безбедносни сили.

Министерството за надворешни работи во Рим соопшти денеска дека се стравува оти другите двајца киднапирани, најверојатно, загинале при нападот на либиските специјалци.

Четворица италијански градежни работници, ангажирани од нафтената компанија ЕНА, беа киднапирани минатата година, од станбениот комплекс, сопственост на компанијата и одведени во непознат правец.

Инцидентот се случи во западната либиска област Мелитах.

Либија западна во вистинси безбедносен и политички хаос по насилното соборување од власт на полковникот Мохамед Гадафи, во 2011 година, во кое активно учествуваа силите на НАТО, подржувајќи ги исламистичките бунтовници.

Две спротивставени влади сега водат борба меѓу себе околу тоа која е легитимна, па Либија има две влади, два Парламента, но нема централна власт и нема контрола врз територијата на земјата.

Таквото безвластие, го користат џихадистите и припадници на разни милитантни исламистички груп и терористи, како Исламска држава и Ал Каеда за изведување операции од либиската територија.