Свет
6. September 2019 - 12:22

Ослабнат, ураганот Доријан се приближува кон Северна Каролина

Ураганот Доријан повторно доби на сила до невреме од трета категорија и се движи кон источниот брег на САД, кон Северна Каролина.

Надлежните органи во САД наредија евакуација на околу милион луѓе кои живеат на потегот од Флорида до Северна Каролина.

Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер нареди задолжителна евакуација на 830.000 жители, информира „Гардијан“.

Се очекува Доријан да ја погоди Северна Каролина денеска и утре.

Откажани се сите летови од Меѓународниот аеродром „Џексонвил“ на Флорида, а се очекува летовите да продолжат денеска попладне, доколку тоа го дозволат временските прилики.

Ураганот претходно, како бура од најсилна, петта категорија, ги опустоши Бахамите каде загинаа најмалку 20 лица.

Ураганот потоа ослабна на втора категорија, но повторно доби на сила.