Живот
21. January 2016 - 20:30

Oслабела неверојатни 125 килограми за 2 години а мислела дека ќе умре!

Ема Силеј од Англија била толку многу дебела што не можела да го врзе појасот на автомобилот, но сега таа ослабела 125 килогарми заблагодарувајќи се на диета и вежбање, без никакви хируршки интервенции.
 
Оваа 35-годишна жена била убедена дека ќе умре пред својот 40-ти роденден и тоа поради прекумерна тежина, 181 килограм.
 
По сите молби на своите блиски да се обрати на доктор и да побара упат за вградување на прстен во желудникот, таа се одлучила на здрав начин на слабеење.
 
Носела облека број 36, а за две години успеала старата гардероба да ја замени со нова помала за 8 броја. Денес нејзината вага покажува неверојатни 56,7 килограми. 
 
- Едвај можев да отидам од куќата до автомобилот со својот вереник, дури неможев ни појасот да си го врзам - објаснила Ема.
 
- Години не застанав на вагата, а кога го направив тоа, се згрозив од самата себеси - додала таа.
 
Ема почнала да се дебелее уште во детството, кога нејзин близок пријател умрел, па утехата ја пронашла во храната. Го посетила матичниот лекар во надеж дека ќе ја упати на оделение за смалување на телесната тежина.
 
- Тоа беше прв пат по толку години да застанам на вага. Не беше потребно докторот ништо да ми каже. Знаев дека мора да променам и направам нешто со себе - инаку немаше да го дочекам својот 40-ти роденден. - објаснува Ема.
 
Со помош на локален советник за телесна тежина во Кемриџ, најпрво почнала да се одвикнува од лошите навики на исхрана.
 
Пред почетокот на слабеењето, Ема обично ништо не јадела за појадок, но затоа за ручек таа јадела колбасици, сирење, чипс итн. Вечерата обично и била пилешко со кари и бел леб. За ужина често јадела чоколадо.
 
Што почнала да јаде?
 
За доручек житарици со млеко, за ручек туна сендвич со црн леб, додека за вечера варена риба и свежа салата. За ужина јадела јабуки, круши, јагоди или портокали.
 
Постепено почнала да слабее по 6 килограми месечно. Покрај правилната исхрана, Ема редовно тренирала со личен тренел, а кога било убаво времето трчала или возела велосипед.
 
- Сега имам многу поголема самодоверба, сакам да се шетам и да ја гледам својата фигура и тело - вели гордата Ема која успеала за две години да ослабе дури 125 килограми.