Бизнис
4. February 2020 - 16:32

Осигурителните компании не сакаат да ги осигуруваат туристичките аранжмани

Ниту една осигурителна компанија не сака да ги осигурува туристичките аранжмани. Една од новините во законот за туристичка дејност е токму полисата од 100.000 евра која треба да ја обезбедат осигурителсните компании. Но бидејќи ниту една не сака тоа да го стори носењето на законот е блокирано.

Првичната идеја беше туристичките агенции да обезбедуваат банкарска гаранција за аранжманите што ги нудат, но крајното решение е согласно барањата на коморите за туризам кои предложија нивните аранжмани да ги гарантираат осигурителните компании затоа што таквото решение би било поефикасно.

Граѓаните постаојано се жалат на усугите што ги добиваат од туристичките агенции. Министерот вели дека до носење на новиот закон кој ќе ги штити во целост нивните права, одговорна за ова прашање е пазарната инспекција.