Осигурителниот пазар во последните 10 години со највисоки стапки, има перспективи за развој
Осигурителниот пазар во земјава во последните 10 години бележи највисоки стапки, а перспективите ќе бидат уште поголеми со подигнување на свесноста кај граѓаните за потребата од осигурувањето и подобрувањето на животниот стандард.
Ова го истакнува Климе Попоски, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, кој од утре ќе учествува на Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската комисија, а се одржува по иницијатива на АСО.
-Нашиот осигурителен пазар во последните 10 години бележи највисоки стапки на просечен годишен раст од продажба на полиси за осигурување споредено со просекот на земјите од Европска Унија и посебно споредено со земјите од централна и источна Европа. Просечниот годишен раст на премиите во неживотно осигурување за перидот 2009-2018 година изнесува 39,9 отсто, додека во осигурувањето на живот за истиот период 500 отсто, истакнува Попоски.
Тој додава дека просечниот 10-годишен раст во ЕУ регионот изнесува за неживот 0,6 отсто, додека во сегментот на осигурување живот има намалување од 0,2 отсто.
Оценува дека со подигнување на свесноста кај граѓаните за потребата од осигурување, како и паралелно со процесот на подобрување на животниот стандард перспективите за развој на осигурувањето ќе бидат уште поголеми.
Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан првпат ќе се одржи утре во Франкфурт, Германија.
-Организацијата на Форумот е резултат на иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување и последица од работната средба во февруари оваа година помеѓу претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски и високи претставници од кабинетот на Комисионерот Јоханес Хан, наведуваат од АСО.
Целта на иницијативата, како што велат од Агенцијата, претставува предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.
Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија

