Свет
1. May 2017 - 13:31

Оштетена џамија во подметнат пожар

Најголемата шиитска џамија во Шведска синоќа е оштетена во пожар, за кој полицијата претпоставува дека е подметнат.

Портпаролот на полицијата Ларс Бистром истакна дека пожарот избил на фасадата на исламскиот центар „Имам Али“ во северното предградие Јакобсберг во Стокхолм, но оти нема повредени лица.

Тој додаде дека во тек е истрага која треба да утврди дали подметнувањето на пожарот е политички мотивирано.

Последните години во Шведска запалени се неколку џамии, но мал број на сторителите се уапсени.