Loading Video...
Кошарка
16. January 2020 - 16:45

Орландо ја прекина низата од 9 победи на „Лејкрси“

Богатата понуда на натпревари во НБА лигата мина во знакот на кошаркарите на Орландо кои на гостувањето во Лос Анџелес ги победија фаворизираниот тим на „Лејкерси„ со 119-118. 
 
На „Езерџиите“ не им помогна ниту дабл-даблот на Леброн Џејс со 19 поени и исто толку скокови. Сепак Леброн, не успеа да го погоди последниот шут за израмнување на 5 секунди до крајот,  па тимот од ЛА мораше за се помири со осмиот пораз сезонава, прв на последните десет одиграни средби. 
 
Од останатите натпревари ја издвојуваме и победата на Далас на гостувањето во Сакраменто со 127-123 меч во кој Словенецот, Лука Дончиќ оствари нов трипл-даби, па на 25-те поени, придодаде, 17 асистенции и 15 скокови. 
 
На останатите натпревари каде победи остварија гостите: Бостон - Детроит 103-116, Оклахома - Торонто 121-130, Минесота - Индијана 99-104 и Хјустон - Портланд 107-117. 
 
Онаму каде се радуваше домашната публика беа постигнати овие резултати: Мајами - Сан Антонио 106-100, Денвер - Шарлот 100-86, Чикаго - Вашингтон 115-106 и Филаделфија - Бруклин 117-106