-->
-->
Органската храна да биде максимум 50 отсто поскапа од конвенционалната, бараат производителите
-->
Голем дел од потрошувачите не купуваат органска храна зашто е прескапа. Во маркетите се продава по пет пати повисока цена од онаа на конвенционалната. Ваквата пракса треба да се смени, сметаат производителите.
- Голем дел од потрошувачите, токму поради превисоката цена, чувствуваат одбивност кон органските производи. Исто така, имаат и негативен став кон оние што се занимаваат со органско производство. Органската храна треба да биде максимум 50 отсто поскапа од конвенционалната, а не и до пет пати, како што најчесто се продава во маркетите, рече денеска Ѓорѓи Хаџи-Котаров, производител на органско киви и мед од Струмица, на панел-дискусијата „Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам?“, што се одржа во рамки на конференцијата „Food talk Macedonia“.
Според него, перцепцијата на купувачите за органската храна мора да се смени, а тоа ќе се постигне само ако цените бидат подостапни.
Интересот за органско производство, вели Хаџи-Котаров, се зголемува, и за разлика од претходните четири години кога во Струмичко не се пријавил ниту еден нов производител, годинава се регистрирани шест лица.
- Производителите мора да знаат дека денес на пазарот има широк спектар препарати за заштита и ѓубрење кои се дозволени во органското производство и кои истовремено гарантираат добивање квалитетен производ со изворен мирис и вкус. Околу тоа веќе не смее да има дилема, подвлече Хаџи-Котаров.
На конференцијата, покрај оваа панел дискусија, се одржаа уште пет на други теми кои од други аспекти се однесуваат на храната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација