Бизнис
12. April 2021 - 19:42

Организаторите на настани на протест пред Владата, најавуваат блокада додека не добијат помош од државата

Со гласна музика и автомобили организаторите на настани излегоа на протест. Три часа го блокираа булеварот пред Владата. Таму ќе бидат секој ден, додека не се слушнат нивните проблеми. Велат дека повеќе од една година се затворени, а помошта која досега ја добиле е незначителна. Единствена поддршка која во моментов би им помгнала се грантови. Веќе подолго време велат дека се обидуваат и молат да преговараат, но Владата останала глува на нивните барања.  

Зачудувачки за нив е и тоа што и покрај падот од над 60 отсто во индустријата, успеале да ги задржат сите рабоници и да не биде затворена ниту една компанија од дејноста. Но не се сигурни дека тоа ќе остане така и во идина. 

Следните денови на протестот на овие работници ќе им се придружат и органзиаторите на свадби и угостителите кои од пред извесно време повторно се комплетно затворени поради влошување на епидемиолошката слика.