-->
-->
Организацијата на резервни офицери одбележа 15 години од воениот конфликт во 2001 година
-->

Организацијата на резервни офицери на Македонија – ООЕ Велес денеска во овој град со трибина одбележа 15 години од воениот конфликт во Македонија во 2001 година и им оддаде почит на загинатите бранители.
На трибината учествуваа бранители од војната, членови на семејствата на загинатите и граѓани.
До присутните се обрати Ѓорѓи Малковски претседател на Организацијата на резервни офицери на Р. Македонија, кој даде ретроспектива историски-хорнолошки редослед на настаните односно на воените судири и случувања во Македонија во 2001 година.
- Македонските херои во војната од 2001 некогаш нема да ги заборавиме, а нивните имиња ќе останат вечно запишани во македонската историја, потенцира Малковски.
Од Велес во воениот конфликт учествуваа повеќе бранители, а шестмина во таа војна ги положија своите млади животи на браникот на татковината - Оливер Китановски, Душко Гочев, Сашко Манасков, Дејан Богдановски, Александар Стојановски и Ќамуран Шакиров.
На членови на нивните семејства денеска од Организацијата на резервни офицери на Македонија им беа врачени благодарници.
Инаку велешките бранители беа дел од „Велешката бригада“, а која во текот на седумте месеци воени операции беше распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане, Ваксинце.
Како што потсети Малковски, во текот на конфликтот во 2001, загинаа 75 припадници на АРМ и МВР, а 226 припадници на АРМ и 175 на МВР се повредени. Загинати се и десет цивили и киднапирани се 25 цивили кои се водат како исчезнати.
- Оваа војна донесе само разорувања, патила и жал на семејствата на загинатите, тоа никогаш да не го заборавиме и истовремено и да упатиме порака дека сите недоразбирања, конфликти и нестабилни состојби можат да се решат само на еден разумен начин, а со цел за мир, развој и спокојство за сегашните и идни генерации на нашата Македонија, порача Малковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
-

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди
