Балкан
23. јуни 2016 - 12:47

Орешковиќ: Мојата Влада ќе остане уште најмалку четири месеци

Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ смета дека неговата техничка Влада ќе остана на функцијата и во следните четири месеци, а „можеби и подолго“.

- Тоа треба да им биде јасно на сите, истакна Орешковиќ, на чија Влада минатата недела и беше изгласана недоверба во Хрватскиот сабор, по што тој се самораспушти. Се очекува предвремените парламентарни избори во Хрватска да се одржат на почетокот на септември.  

Инаку, Владата на Орешковиќ денеска ја одржа својата прва седница по изгалсувањето недовербата и стартот на нејзиниот технички мандат.

Како што јавија хрватските медиуми, на владината седница не присуствувал вицепремиерот и лидер на партијата Мост, Божо Петров, кој според многу аналитичари е „главниот виновик“ за распадот на досегашната владина коалиција составена од неговата партија и блокот предводен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ).