Балкан
23. August 2016 - 21:36

Орешковиќ: Ако влезе во Хрватска, Шешељ ќе биде уапсен

 Техничкиот хрватски премиер Тихомир Орешковиќ  изјави денеска дека лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, ќе биде уапсен ако се обиде да дојде во Хрватска.

- Воислав Шешељ во Хрватска е персона нон грата. Не е добредојден овде. Ако сепак дојде, ќе биде уапсен", изјави Орешковиќ.

Лидерот на СРС претходно денеска изјави дека добил дипломатски пасош, и дека во план му е прво да го посети Загреб и да се сретне со хрватскиот претседател, Колинда Грабар Китаровиќ.

- Вистина е дека добив дипломатски пасоши. Јас го добива на основа на тоа сум лидер на опозицијата, шеф на најголемата група пратеници од опозицијата во српското Собрание, изјави Шешељ  за Танјуг.