Македонија
6. December 2019 - 19:12

Орце Камчев откри како се одвивал рекетот од Бојан Јовановски и Катица Јанева

Бизнисменот Орце Камчев се соочи со обвинетите во Рекет. Посочи дека Катица Јанева и Боки 13 го рекетирале ама и дека не биле единствените во тоа. Смета дека на обвинителната клиупа треба да биде и обвинителката  Лиле Стефанова како и братот адвокат на судијата Весна Димишкова за кого рече дека прв му побарал рекет од 100 илајди евра за да добие поблаги мерки за случајот Империја.

Камчев смета дека предметот на СЈО Империја, бил конструиран за да биде мета на Рекет. Вели дека за тој случај не чувстува одговорност.

Во своето сведочење, Камчев рече дека во рекетот нема вмешано политичари. Случајот го пријавил кај премиерот Заев за кој Камчев вели дека бил запрепастен.

Обвинетиот Боки 13 Во судницата рече дека во неговиот дом имал средба со бизнисменот и министерот за здравство за која Камчев појасни оти била за јавно-приватно партнерство, проект кој го нудел Јовановски.

И министерот Филипче потврди дека на средбата Јовановски нудел проект за изградба на болница но ниту тој ниту Камчев ја прифатиле неговата идеја.

„Средбата која се споменува во денешното судење за „Рекет“ се оджа на барање на Бојан Јованоски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно-приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави. Од тој состанок не произлезе ништо и повеќе не остваривме средба“, информира министерот Филипче.

По денешното судење се огласи и бизнисменот Чифлиганец чие име беше поврзано со обвинителката Стефанова.

„Ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име или во друго име, било каква недвижност или било каква материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба ниту во мојот ниту во нечиј друг стан“, вели Чифлиганец.

Во судницата, Камчев објасни дека снимките кои ги поседува обвинителството се направени со камери од неговиот дом поставени пред четири години, а дел од видео материјалот го снимал и со телефон. Рече дека пред да го стори тоа побарал совет од свои бизнис пријатели од Бугарија и Америка.

Камчев вели дека не знае како протекле снимките кои ги објави италијанскиот медиум бидејќи оригиналите ги доставил до обвинителството. Појасни дека при постапувањето на институциите, тие снимки биле преместувани од обвинителството во кривичниот и апелациониот суд. Судењето за Рекет продолжува идната недела кога ќе сведочи сопругата на Камчев.